СЗО даде одговор колку здравствени работници се заразиле со корона
Во светот 14 отсто од инфицираните со корона се здравствени работници.
„Здравствените работници прават три отсто од целокупната светска популација, меѓутоа дури 14 отсто од заразените со коронавирус се медицинските лица“, соопшти вчера Светската здравствена организација.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус ја пофалил работата на здравствените работници во целиот свет на брифингот во Женева.
„Пандемијата сите не потсети на херојската работа на здравствените работници, кои секој ден се борат со пандемијата. Ги има само 3 отсто во светот, но 14 отсто од заразените во светот се здравствени работници“, изјави Тедрос.
Во светот вирусот е дијагностициран кај 73.4 милиони луѓе. Починале 1.6 милиони, а оздравеле повеќе од 51.5 милиони. САД, Индија и Бразил имаат најмногу заразени. ад нив се Русија и Франција.
Слично
