СЗО: Алармантна е бројката на заболени од морбили
Расте бројот на случаи на морбили во Европа.
Мали сипаници или морбили, е инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси.
Бројот на заболени во 2017 година порасна за 400 отсто во однос на претходната година, при што заболеле повеќе од 20.000 лица, од кои 35 починале, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, ваквите податоци се алармантни имајќи го предвид рекордно нискиот број од 5.273 случаи во 2016 година. Најтешко погодена земја минатата година била Романија, каде се регистирани 5.562 случаи на морбили. За да се спречи ширењето на оваа болест според СЗО потребно е 95 % од населението да биде имунизирано.
Слично
