СЗО: Ако брзо ја отворите вратата, подобро би било и да можете да ја затворите прилично брзо
Oд Светската здравствена организација(СЗО) велат дека постепено треба да се ублажуваат епидемиолошките мерки.
Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан ги повика државите самостојно да го трасираат својот пат за излез од пандемијата, а не слепо да ги следат другите и да ги ублажуваат рестриктивните мерки.
Од СЗО велат дека многу земји не го достигнаа врвот на епидемискиот бран на високо преносливата oмикрон варијанта на коронавирусот, затоа мерките за сузбивање на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат.
Подвидот на омикрон го има во над 50 земји.
Слично
