Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЗО: Бројот на новозаразени e зголемен за девет проценти во 53 европски земји

СЗО:  Бројот на новозаразени e зголемен за девет проценти во 53 европски земји

Расте бројот на заболени од Ковид -19 во Европа. Бројот на новозаразени со коронавирус e зголемен за девет проценти во 53 европски земји, соопштија денеска од  Светската здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека минатата недела имало повеќе од милион случаи. Вели дека скок се забележува во Централна и Источна Европа, но и некои западноевропски земји имале зголемување на бројот на инфицирани.  Британија, Франција, Шпанија, Италија, Турција, Германија се вбројуваат меѓу земјите со најмногу заразени во светот. Во дел од европските земји веќе има ограничувања. 

Во соседството, и Грција ги заостри мерките од денеска.  Полицискиот час ќе трае од 19 или од 21 часот во зависност од тоа во која зона се наоѓа градот и ќе трае до 5 часот изутрина. Мерките ќе важат до 16 март кога повторно ќе се преиспитуваат.

На европско тло го има и јужноафриканскиот сој кој е поотпорен. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести