„Swiss Re“ се повлекува од американскиот пазар на осигурување
„Swiss Re Ltd.“ размислува да ја продаде „Aurora National Life Assurance Co.“ и на тој начин да се повлече од американскиот пазар на осигурување на живот и здравствено осигурување, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на извори блиски до компанијата.
Втората најголема компанија за реосигурување во светот работи со „Barclays Plc“ за да најде купувачи за „Aurora National“, како и за некои други свои американски средства. Продажбата може да биде во вредност од над 400 милиони долари. Се очекува во договорот да бидат вклучени осигурителни средства од околу 5 милијарди долари. Засега од „Swiss Re“ и „Barclays“ одбиваат да коментираат.
Со седиште во Хартфорд, Конектикат „Aurora“ има над 88.000 животно осигурителни полиси, а во јуни 2012-та година имаше средства oд над 3 милијарди долари. Компанијата и другите средства беа дел од „SRLC America Holding Corp.“ кој „Swiss Re“ го продаде во 2012-та година за околу 663 милиони долари на „Prudential Plc.“.
Слично
