Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свртеле 21.8 милијарди евра, заработуваат и никој ништо не им може

Свртеле 21.8 милијарди евра, заработуваат и никој ништо не им може

Агро мафијата во Италија лани заработила 21.8 милијарди евра, или за 30% повеќе во однос на година претходно. 

Тие илегално тргуваат со месо, маслиново масло, овошје и зеленчук. 

Овој вид на криминал е најбрзорастечки во Италија. 

Најголемо упориште им се рестораните и се проценува дека мафијата има на располагање 5000 угостителски објекти. 

Овој криминал ги уништува малите, средните, а на крај и големите произведувачи. 

Освен што заработува огромни суми на нелегален начин, италијанската мафија нанесува и штети на имиџот на италијанската храна во светот. Во некои случаи се употребуваат и неквалитетни состојки за производите. Тоа може да биде опасно за здравјето на потрошувачите. 

Слично

Поврзани вести