Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свинското месо во градинките – политичко прашање во Данска

Свинското месо во градинките – политичко прашање во Данска

Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит активно се вклучи во т.н. „војна со ќофтиња“.

Повеќе предшколски установи и градинки во Данска воведоа забрана за употреба на свинско месо во исхраната на децата со образложение дека со таква мерка се покажува респект кон муслиманите и Евреите кои не јадат такво месо.

Но данската премиерка се спротивставува на настојувањата да се исфрлат свинското и популарните дански варени ќофтиња од менито во градинките.

- Не посакуваме развој во Данска така што полека ќе ги затскриваме нашите традиции од нашите јавни институции, вели Хеле Торнинг-Шмит за весникот „Политикен“.

Слично

Поврзани вести