Светското фудбалско првенство во Русија ќе чини 20 милијарди долари
Светското фудбалско првенство во 2018 година ќе ја чини Русија 660 милијарди рубљи ( 20 милијарди долари ) , што ќе го направи најскапото во историјата .
Генералниот директор на организацискиот комитет, Алексеј Сорокин, изјави дека поголемиот дел од средствата ќе бидат потрошени за подобрување на инфраструктурата на градовите домаќини.
" За светското првенство ќе биде потрошено колку што е утврдено во владината програма. Ниту повеќе , ниту помалку " , изјави Сорокин на прес-конференција .
" 336 милијарди рубљи ( 10 милијарди долари ) се средствата од федералниот буџет . Поголемиот дел од трошоците се за инфраструктура. Таму ќе отиде лавовски од трошоците , но овие проекти онака требаше да бидат потрошени " , рече Сорокин .
" Станува збор за аеродроми , за патишта , станици на метрото и многу други . Нема ништо што да се гради специјално за Светското првенство и што нема да врши работа тогаш " , додаде тој .
Според пресметките околу 100 милијарди рубљи ( 3 милијарди долари ) ќе одат за седум стадиони - во Самара , Нижниј Новгород , Ростов на Дон , Саранск , Волгоград , Екатеринбург и Калининград .
Денес се навршуваат точно три години од изборот на Русија и Катар за домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година.
Бразил предвидува светското првенство следната година да ја чини земјата 13,3 милијарди долари, а за шампионатот во Јужна Африка во 2010 година беа потрошени 3,5 милијарди долари.
Слично
