Светските лидери одаваат почит на кралот Абдула
Светските лидери пристинуваат во Ријад, Саудиска Арабија да искажат сочубство на новиот крал Салман за смртта на неговиот претходник и полубрат Абдула бин Абдулазис.
Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе присуствуваат на свечената комеморација во Ријад, додека американската делегација ќе ја води заменик претседателот Џо Бајден.
Во главниот град на Саудиска Арабија се очекува да пристигне и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, а од вчера во Ријад е и британскиот престолонаследник Чарлс, како претставник на кралицата Елизабета.
Кралот Абдула почина во петокот на 90 години од белодробна инфекција, а подоцна истот ден беше погребан во необележан гроб во Ријад.
На погребот присуствуваа голем број лидери од арапските и муслиманските земји, меѓу кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Наваз Шариф.
Насленикот на престолот Салман најави дека ќе ја продолжи политиката на претходникот.
Кралот Абдула од 2005 година официјално седна на престолот, но кралските должности почна да ги извршува десет години претходно, по мозочниот удар на кралот Фахд.
Слично
