Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светските лидери го осудија нападот во Ница

Светските лидери го осудија нападот во Ница

Германија е на страната на Франција во борбата против тероризмот, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел во емотивното обраќање, упатено утринава.

Таа изрази уверување дека и покрај тешкотиите оваа борба ќе биде добиена. Терористичкиот напад во југоисточниот туристички град Ница, кој однесе над 84 жртви на денот на националниот празник на Франција, лидерите од целиот свет го осудија.

Советот за безбедност на ОН го опиша настанот во Ница како варварски и подол терористички напад.

Лидерите на ЕУ ја поддржаа Франција во тешкиот момент.

Претседателот на европската комисија, Жан-Клод Јункер изрази жалење за ужасната трагедија во Ница. Во изјавата тој изрази солидарност со жртвите, нивните семејства и со сите Французи.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази сочувство за тоа што Франција беше нападната за време на националниот празник и изјави дека стои обединет со народот на земјата.

Шокот беше голем и за соседна Германија, која изрази целосна солидарност и вети поддршка.

Слично

Поврзани вести