Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светските лидери чeститаа за спасувањето на децата во Тајланд

Светските лидери чeститаа за спасувањето на децата во Тајланд

Aмериканскиот претседател,  Доналд Трамп, германската канцеларка, Ангела Меркел, и британската премиерка, Тереза Меј, се само неколку од светските лидери што упатија честитки по успешната спасувачка мисија на 12-те момчиња и нивниот тренер, кои од 23 јуни беа заглавени во пештера на Тајланд.

„Прекрасен момент, сите се спасени. Одлично завршена работа!“- напиша Трамп на социјалната мрежа „Твитер“.


Мејл напиша дека е воодушевена и дека светот гледаше и ќе ја поздрави храброста. 


Со честитка се приклучи и претприемачот Илон Маск, кој претходно денеска пристигна на Тајланд со својот изум мини подморница, која шефот на спасувачката мисија ја оцени како несоодветна за реализација на планот.

Последниот трет ден од спасувачката мисија на 12-те деца и нивниот тренер заврши денеска.

Слично

Поврзани вести