СВЕТСКИ ТРЕНД КОЈ СТИГНУВА КАЈ НАС: Какви места за живот бираат луѓето?
Српски Б92 пишува дека домашниот пазар на недвижнини личи на светскиот.
Освен што цените се високи и ги следат големите метрополи, се следат и трендовите. Во Србија има многу енергетски ефикасни објекти кои самите произведуваат енергија.
Има мини куќи, станови, пасивни села со објекти кои се енергетски ефикасни. Поради високите цени на квадрат, поради скапите плацеви, се градат мини куќи иако не постои точно дефинирано колкава квадратура треба да имаат. Луѓето бираат мини куќи повеќе поради одржливост отколку поради финансии. Овој апсект игра важна улога на глобалното ниво. Предноста на мини куќите е тоа што побрзо и полесно се градат, со еколошки материјали и целиот простор е максимално искористен. Ваквите куќи ги градат на планина, некаде во природа, но и ги користат за живеење.
Монтирана и комплетно завршена мини куќа од 16 квадрати чини 12.000 евра. Во Белград има 40-тина микро станови кои се продаваат и се со површина од 15 до 30 квадрати.
