СВЕТСКИ СКАНДАЛ! Русите ја открија врската меѓу Америка и Хамас- Се знае и преку која држава контактираат!
САД се во контакт со раководството на палестинското радикално движење Хамас преку Катар, изјави за Спутник неименуван извор од Министерството за надворешни работи на Русија, а пренесува Информер.рс.
– САД се во контакт со Хамас. Тоа го прават преку Катар – рекол изворот.
Тој не даде други детали.
Еден ден претходно, координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа Џон Кирби рече дека Вашингтон се противи на прекин на огнот во Појасот Газа бидејќи тоа „би било од корист на Хамас“.
Од своја страна, шефот на одделот за надворешна политика на палестинското движење, Муса Абу Марзук, рече дека САД ја презеле командата со борбите во енклавата по „колапсот на израелската армија во конфликтот со Из ал-Дин бригадата Ал Касам“.
