Светски економски форум: Каде оди руската економија!?
Eкономијата на Русија забележала раст од 3,5 отсто во 2012 година, но официјална Москва е насочена кон остварување на годишен економски раст од пет отсто, истакна денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев на Светскиот економски форум во Давос.
„Доколку ја погледнете општата макроекономска ситуација во Русија, таа е стабилна, иако економскиот раст минатата година изнесуваше 3,5 отсто, а инфлацијата 6,6 отсто“, рече Медведев.
Инаку на маргините на самитот рускиот премиер исто така изави дека неговата држава е подготвена на својот трговски партнер Кипар да му даде нов заем, но само доколку Европската унија, исто така, инјектира пари во оваа земја западната во криза, пренесе ДПА.
На прашањето на телевизијата „Блумберг“ дали Русија на Кипар ќе му даде нов кредит, Медведев изјави „само доколку сме сигурни дека економските решенија донесени од Европската унија се исполнети и во случај нашите европски партнери, исто така, да му дадат нешто на Кипар“.
Русија на Кипар во 2011 година му одобри кредит од 2,5 милијарди евра.
Слично
