Светски економски форум: Европа стана најголемиот растечки пазар во светот!
Со милијардите долари проблематични активи во банките кои чекаат да бидат заграбените од храбрите инвеститори, Европа практично е еден од "најголемите растечки пазари" во светот, коментира извршниот директор на „The Carlyle Group“ Дејвид Рубенштeин, пренесе „CNBC“.
Надвор од САД најдобрите можности за инвестиции можат да бидат откриени на пазарите во развој како Кина, Бразил, Перу, Чиле, Нигерија ... и Европа, коментира тој.
"Според нас Европа е доста атрактивен пазар. Кризата тука беше толку тешка што сега континентот се претвори во најголемиот растечки пазар во светот. Цените се ниски, а покрај тоа очекуваме раст ", коментира инвеститорот од Светскиот економски форум во Давос.
„Во текот на оваа и следната година многу банки во Европа ќе продаваат средства и според нас ќе се најдат добри можности за купување", вели тој.
Рубенштeин истакнува дека инвеститорите ќе бидат изненадени од ретко ниските цени за некои банкарски средства. Европските банки се ослободуваат од средствата, бидејќи сакаат да ги намалат своите биланси. Во 2012 година „The Carlyle Group“ ја купи компанијата за инвестициски менаџмент TCW од „Societe Generale“. „
„Цената беше фантастична", коментира Рубенштeин.
Сега сите се прилично задоволни од напредокот во Европа, додава тој, посочувајчи дека се стабилизира еврото и се нормализираат цените за кредитирање на земјите како Шпанија и Италија, откако Европската централна банка (ЕЦБ) ја објави својата програма за откуп на обврзници.
„Според мене ЕЦБ заврши фантастична работа и сега ситуацијата во Европа е релативно добро", коментира тој, иако признава дека добрите економски вести доаѓаат во време на многу ниски очекувања.
„Ако паднете од Марс и ја погледнете на финансиската ситуација во Европа ќе си речете 'тука има проблем', но со оглед на тоа какви се очекувањата - дека растот во Европа нема да биде особено импресивен - сите сега се доста среќни",порача инвесторот од Форумот во Давос.
Слично
