Светски економисти бараат ликвидирање на офшор зони
Над 300 водечки економисти потпишаа петиција до премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон и до голем број светски лидери, во која велат дека е потребно да се прекине работата на офшор зоните.
Меѓу потписниците е поранешниот главен економист на ММФ, Оливие Бланшар и добитници на Нобелова награда, професори.
Тие нагласуваат дека офшор компаниите ја зголемуваат корупцијата во светот и помагаат на меѓународните корпорации да добиваат финансиска корист на туѓ грб. Документот на економистите е објавен во пресрет на отворањето неделава во Лондон на конгрес посветен на борбата против корупцијата.
Слично
