Светската здравствена организација бара поголем данок за цигарите
Нов удар врз тутунската индустрија - Светската здравствена организација (СЗО) ги повика земјите да го зголемат данокот на цигарите, бидејќи експертите веруваат оти ваквите мерки би довеле до намалување на бројот на пушачи.
Имено, станува збор за препораки кои се поврзани со веќе постоечката Конвенција за контрола на тутунските производи, која ја потпишаа 179 земји во светот.
СЗО напоменува дека зголемувањето на цената на цигарите заради повисоките даноци е директно поврзано со намалување на пушењето особено кај младите лица и кај луѓето со пониски приходи.
Во насоките на СЗО се препорачува дополнителните даночни приходи што ќе се остваруваат од цигарите да се наменат за финансирање на програми наменети за борба против пушењето.
СЗО, исто така, предупредува дека кај доенчињата и малите деца тутунскиот чад доведува до многу почести случаи на бронхитис и други болести на дишниот систем. На секои осум секунди во светот по едно лице умира од последиците на штетното делување на цигарите.
Слично
