Светската популација очекува 2015 година да биде подобра од претходната
2015 година ќе биде подобра од претходната во однос на економските прилики смета поголем дел од светската популација, се вели во резултатите на студијата која е спроведена во 65 земји од светот од страна на ВИН-Галуп Интернешнал.
Според истажувањето дури 53 отсто, или секој втор жител на планетава, одговорил дека очекува 2015 година да биде подобра во однос на старата 2014.
Студијата покажала и дека мнозинството или 70 отсто од жителите на земјава сметаат дека крајот на 2014 година бил среќен.
Според истражувањата по однос на тоа во која земја луѓето имаат најсреќен живот резултатите покажале тека тоа е Фиџи, односно 93 проценти, а најмалку среќни се Грците со 25 отсто.
Меѓу најголемите песимисти во економските очекувања се Малезија и Франција, додека најголеми економски оптимисти се жителите на Нигерија, Мароко и на Фиџи.
Меѓународната студија „Крај на годината“ се спроведува кон крајот на секоја година и ги покажува светските очекувања од Новата година.
Слично
