Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светската инфлацијата под контрола, декемвриската стапка пониска од 2%

Светската инфлацијата под контрола, декемвриската стапка пониска од 2%

Инфлацијата во развиените земји e стабилна и во декември изнесувала 1,9 проценти на годишно ниво. Како што соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), инфлацијата на цената на енергијата изнесува 2,9 проценти, а цената на храната 2,1 отсто.

Доколку не се сметаат овие два фактори, стапката за минатиот месец изнесувала 1,5 проценти, наведува ОЕЦД.

Во Канада инфлацијата била стабилна на 0,8 отсто, додека во Велика Британија изнесувала 2,7 проценти. Во САД е намалена на 1,7 од претходните 1,8 отсто, а во Италија на 2,3 од 2,5 проценти. Инфлацијата во Германија е зголемена од 1,9 на 2,1 процент.

На ниво на еврозоната, стапката во декември била стабилна на 2,2 %.

Слично

Поврзани вести