Светската индустрија лани загубила 112 милијарди долари од кражби во продавниците
Загубите на стоковните резерви од страна на продавниците на мало , поради фактори како кражба , измама на вработени или добавувачи и организиран криминал во секторот на малопродажбата, ја чинеле индустријата 112 милијарди долари во целиот свет во 2012 година , покажува истражувањето на Checkpoint Systems и Euromonitor .
Загубите се зголемија во повеќето земји. Како причина за зголемување на кражбите, трговците го наведуваат слабото економско заздравување и организираниот криминал во секторот на малопродажба .
" Бидејќи се поголем дел од населението има проблеми со сервисирањето на своите финансиски обврски , кражбите и на клиентите , и на вработените од продавниците се зголемија " , се вели во извештајот .
" Кражбите од страна на клиенти се најважната причина за загуба на стоковите резерви во сите земји во кои е спроведено истражувањето , а по нив следи кражбата од страна на вработените " .
Во истражувањето се опфатени 157 компании во 16 земји , кои располагаат со вкупно 160 000 продавници. Компаниите имаат генерирано над 1,5 трилиони долари продажба за 2012 година. Најголемо ниво на загуби е забележано во Бразил и Мексико , каде што тие изнесуваат 1,6 % од продажбата на мало , а по нив се рангираат САД и Кина со по 1,5 % . Најниските нивоа на кражби беа пријавени во Јапонија и Австралија на ниво од 1,0 и 1,1 % .
Најчесто украдени стоки се мали и лесни за крадење и криење , кои имаат релативно висока вредност и нудат можност за препродажба . Меѓу нив се модни додатоци , фармерки , чевли и долна облека , бебешка електроника како производи на Apple , електронски игри , додатоци за мобилни уреди и производи поврзани со човековото здравје , меѓу кои лекови против алергии и бебешко млеко .
Слично
