Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светската банка предупредува на последиците од климатските промени

Светската банка предупредува на последиците од климатските промени
Светската банка предупреди дека сериозните тешкотии од глобалното затоплување може да бидат почувствувани во рамките на цела генерација, пренесе АФП. Новиот извештај детално ги опишува катастрофалните последици за Африка и Азија. Извештајот го претставува загрижувачкото сценарио за следните години, со кој можеме да се соочиме во нашиот живот, појасни претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким. Научниците велат дека ако светот се загрее дополнително за два степени целзиусов, што секако може да биде достигнато по 20-30 години,  тоа ќе предизвика широко распространет недостиг на храна, невидени топлотни бранови и посилни циклони, се вели во соопштението на Џим Јонг Ким. Во ажурирање на извештајот за климата на СБ од ноември, под наслов „Намалете го загревањето", станува јасно дека има се поголема шанса затоплувањето да достигне или да надмине 4 степени целзиусови во овој век, а во отсуство на краткорочни активности и дополнителни обврски за намалување на емисиите. Во извештајот, нарачан од страна на Светската банка, научници од целиот свет работеле на ризиците од климатските промени за развојот на суб-сахарска Африка, Југоисточна Азија и Јужна Азија, каде се наоѓаат едни од најсиромашните земји во светот. Тие сметаат дека можни се големи последици од глобалното затоплување во голем број области, вклучувајќи го земјоделството, водните ресурси, ерозија на бреговите и ранливоста од поплави.
Слично

Поврзани вести