Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска престолнина на милионерите е…

Светска престолнина на милионерите е…
Во британскиот главен град Лондон живеат дури 376.600 луѓе со богатство над еден милион долари, што го прави овој град вистинска престолнина на милионери, покажаа податоците од истражувањето на консултантската фирма „Њу Ворлд Велт“, со седиште во Јоханесбург. Според ова истражување, милионерите во Лондон сочинуваат речиси три проценти од вкупниот број жители во овој град. На второ место на листата се нашол Њујорк со 319.700 милионери, а на трето место е Токио со 265.800 милионери. Следуваат Сингапур, Хонг Конг, Лос Анџелес, Франкфурт, Мексико Сити, Чикаго и Сан Франциско. Кога станува збор за листа на градови со најмногу мултимилионери, односно со богатство од над 10 милиони долари, на прво место е Хонг Конг. Истражувачот на „Њу Ворлд Велт“ Ендру Амолис вели дека во Русија милионерите поседуваат дури 60% од вкупното богатство кое е во рацете на поединци, што е двојно повеќе од светскиот просек. За да го пресмета бројот на милионери во светот, консултантската фирма користела повеќе извори, вклучувајќи ги базите на податоци на јавни и приватни претпријатија, како и податоците за продажба на луксузни автомобили, скапи уметнички дела, приватни авиони, вредни недвижности и јахти. Сепак во богатство на поединецот не се смета недвижниот имот на кој живее, но влегуваат другите недвижности во негова сопственост. Кога станува збор за број на милионери по број на жители, на врвот на листата се швајцарските градови Женева и Цирих со 7,8 односно 5,8 отсто милионери од вкупното население. Бројот на мултимилионери во светот во последните 10 години се зголемил за 71 отсто на 495.000, додека бројот на милионери се зголемил за 58 отсто  на 13 милиони во целиот свет.
Слично

Поврзани вести