Светска банка повеќе нема да дава ниту пари, ниту совети на Грција
Светска банка ќе го ограничи своето работење во Грција како во делот на експертските мислења, така и во доделувањето кредити, изјави денеска во Шведска претседателот Џим Јонг Ким.
„Нема да и позајмуваме пари на Грција, бидејќи таа не е земја што е квалификувана за заем од Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД)“, истакна Ким.
Светска банка минатиот месец информираа дека Грција им побарала експертско мислење за да ја подобри бизнис клима и да го поттикне економскиот раст.
„Имаме прилично искуство во проценувањето дали одредени расходи во социјалниот сектор што се однесуваат на посакуваните резултати. На пример, работевме во Јужна Кореја за време на кризата во 90-тите години, работевме во Индонезија. Работевме во многу земји кои имаа слични искуства, како тие што се соочуваат земјите од Јужна Европа“, посочи Ким осврнувајчи се на проблемот со Грција.
Слично
