Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска банка: Насилството врз жените има висока економска цена

Светска банка: Насилството врз жените има висока економска цена
Насилството врз жените освен психолошка , има и висока економска цена. Тоа вчера го предупредија од Светската банка кога беше одбележан Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените . Според истражувањата на ОН загубите во продуктивноста како резултат на семејно насилство варираат помеѓу 1.2 % од бруто домашниот производ ( БДП ) во земјите како Бразил и Танзанија и 2 % во Чиле . Овие бројки , меѓутоа не ги вклучуваат трошоците поврзани со долгорочните емоционални последици , и ефектот врз следната генерација. Друго истражување ги пресметува сите трошоци поврзани со семејното насилство во Велика Британија , вклучувајќи ја намалената благосостојба на жртвите , на 10% од БДП . " Семејното насилство е не само нечуена злоупотреба на човековите права . Тоа е исто така и економско истоштување" , вели Џени Клугман , директор на одделот на Светската банка , кој се занимава со проекти за рамноправноста на половите ( Gender and Development ) . Според Светската здравствена организација над една третина од жените во светот или околу 35% барем еднаш биле жртви на насилство , базирано на полов принцип. Односот варира од околу 37% кај жените во Африка , Источниот Медитеран и Југоисточна Азија до 23% во регионите со високи примања и 25% од жените во Европа и Западнотихоокеанските области. Истражувањето на Светската банка , кое ќе биде објавено во рамките на Извештајот за предизвиците пред обезбедувањето на еднаквост меѓу половите , има за цел да помогне за мобилизирање на повеќе инвестиции за справување со овој глобален проблем. " Потребата од системски мерки од страна на владите и меѓународната заедница за спречување и одговор на насилството врз жените е итна и многу задоцнета. Ако постигнеме напредок на овој фронт , тоа ќе помогне и во нашите напори за справување со екстремната сиромаштија и за стимулирање на вкупниот просперитет " , вели уште Клугман во официјално мислење .
Слично

Поврзани вести