Светска банка му додели на Ирак 900 милиони долари
Светската банка одлучи на Ирак да му додели 900 милиони долари за развој на социјално-економски проекти, пренесоа руските медиуми. Во соопштение на банката се наведува дека програмата е за период од четири години. Целите се создавање на работни места, зацврстување на државните структури и социјална интеграција. Освен тоа, ќе се поддржат чекори, насочени кон диверсификација на економијата и за развој на приватниот сектор. Новата програма е ориентирана не само кон централните власти, туку и кон регионите.
Слично
