Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска банка ќе им дава техничка помош на Грција и Португалија?

Светска банка ќе им дава техничка помош на Грција и Португалија?
Претседателот на Светска банка Џим Јон Ким на прес-конференција во рамки на средбата на Г20 во Мексико изјавил дека ова е прв случај во кој развиени земји бараат помош од оваа банка, која вообичаено им помага на посиромашни држави. Тој истакнал дека разговорите со Грција и Португалија се наоѓаат во почетна фаза и за неколку недели ќе се знаат повеќе детали околу тоа што ќе се преземе. Ким нагласил дека во случајот со Атина и Лисабон ќе се искористи помош како во случајот со Јужна Кореја и Индонезија, со цел да се надмине економската криза.
Слично

Поврзани вести