СВЕТОТ ЗА 10 ГОДИНИ: Русија ќе се распадне, Полска светска сила?
Новото истражување на меѓународната разузнавачка компанија Стратфор, предвидува една многу интересна и неочекувана иднина за светот.
Според нивниот извештај, наскоро Русија ќе се распадне на мали региони, а САД бидат одгворни за осигурување на руските нуклеарни бомби.
Европа пак, биде поделена на четири дела: скандинавска (на која ќе ѝ се придружат Велика Британија и Ирска); средоземна (Шпанија, Португалија, Италија и Грција); западна Европа (Германија, Австрија, Чешка); и источна (Унгарија, Словенија, Романија, Бугарија, Полска, Украина, Белорусија, Литванија, Латвија и Естонија). Турција и САД ќе бидат блиски сојузници, зашто Турците без помош на САД нема да можат да ги држат Русите на безбедна дистанца.
Во овој период на европската криза слабее Германија, а на нејзина сметка забрзано расте влијанието на Полска.
Стратфор предвидува и дека Јапонија ќе стане водечка сила на море во Азија, а САД сѐ помалку ќе се мешаат во тој дел од светот.

