СВЕТОТ ВО СТРАВ ПРЕД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА: Дали Москва има таен план за 9.мај?
Постојат неколку
сценарија каде ќе се одржи и како церемонијата на Денот на победата би можела
да изгледа низ призмата на украинскиот фронт.
Русија традиционално го слави Денот на победата над фашизмот секој 9 мај, а оваа година прославата ќе биде во сенка на инвазијата на Украина. Руската Федерација почна со пробите, но едно прашање се уште останува нерешено - каде ќе се одржи церемонијата? Иако ова е голем настан, се уште е неизвесно дали парадата ќе се одржи на Црвениот плоштад, каде што вообичаено се одржува секоја година, или барем симболично ќе се одржува во Мариупол, како што наведуваат бројни медиуми и експерти.
Претходните денови на социјалните мрежи беа објавени снимки од тој уништен град, на кои се гледа како руските власти брзаат да го средат центарот на Мариупол и да го подготват за прославата на 9 мај. Според западните медиуми, украинската влада има информации дека Константин Ивашченко, градоначалникот на Мариупол, има задача „да ги исчисти градските улици и да подготви се за големата церемонија“.
Russians are hastily clearing rubble and corpses from a central street among the ruins of Mariupol for a "Victory Day" parade 5 days from now.
— Expat in Kyiv (@expatua) May 4, 2022
There will be actors decrying the "crimes of Ukrainian nazis" and the usual.. pic.twitter.com/sa1CuiqfW2
Руската армија во претходните недели објави дека ја презела контролата врз Мариупол. Последното упориште на украинската војска во тој град е челичарницата „Азовстал“, во која останаа само уште мал дел од борците на Азов. Едно од најавените сценарија е Путин официјално ќе и објави војна на Украина во понеделник на церемонијата на Денот на победата, и тогаш ќе има можност да мобилизира дополнителни сили како и резервни офицери.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас смета дека Путин не успеал да ги постигне главните воени цели во Украина и дека планира да изврши масовна мобилизација на рускиот народ со цел да ја освои цела Украина. Портпаролот на Кремљ Димитри Песков ги негираше ваквите наводи: „Шансите да се случи вакво нешто се нула, тоа е чиста глупост“, рече Песков.
Министерството за одбрана на Русија објави дека оваа година на церемонијата ќе продефилираат повеќе од 10.000 војници. Ќе бидат прикажани 131 единица модерно оружје и воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери. Што се однесува до воената опрема, ќе може да се видат противминското оклопно возило „Тајфун“, оклопни борбени возила БМП-2 и БМП-3, тенкови Т-72БЗМ, Т-90М Пробој и Т-14 Армата, ракетниот систем Искандер и ПВО системи Тор-М2, Бук-М3 и С-400 Триумф.
