Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТОТ ВО СТРАВ: Попис на градовите во кои се можни нови терористички напади!

СВЕТОТ ВО СТРАВ: Попис на градовите во кои се можни нови терористички напади!

Багдад е најсмртоносен град на светот, судејќи според новиот индекс на потенцијална опасност од терористички напад на парискиот Шарли Ебдо тој ризик наголемо пораснал и за многу европски градови.

Индексот на „смртоносните“ градови се рангира според можноста да бидат нападнати од терористи со оглед на историјата на градот, а според него дури 64 града се под „екстремен ризик од напад“. Најголем број се наоѓа во Азија и на Средниот исток.

Во Африка ризикот од напад се зголемил поради присутната терористичка групација Боко Харам, како и општа политичка нрстабилност. Три града се во Евопа - Луганск ни Доњецк во Украина и Грозни во Русија. Британскиот град во кој има најголем ризик од напади е Белфаст, а него го следат Бристол, Кардиф, Манчестер и Лондон.

Париз е на 97 место во светот, а пред нападот на редакцијата на сатиричниот магазин Шарли Ебдо бил на 210 место. Седум најсмртоносни градови на светот се во Ирак, вклучувајќи го и Мосул и Рамади кои се под опсаа на терористи на таканаречената Исламска држава.

Градовите се рангирани на темел на интензитет и зачестеност на нападите во рок од 12 последователни месеци и од февруари минатата година, комбинирано со бројка на инцидент во претходните пет години.

Првите 12 градови со екстремен ризик од терористички напад се:

1. Багдад, Ирак 2. Кабул, Авганистан 3. Могадишу, Сомалија 4. Абуџа, Нигерија 5. Сана, Јемен 6. Бејрут, Либан 7. Дамаск, Сирија 8. Ерусалим, Израел 9. Исламабад, Пакистан 10. Каиро, Египет 11. Триполи, Либија 12. Најроби, Кенија

Слично

Поврзани вести