СВЕТОТ ВО 2016: Во овие земји и наредната година ќе биде хаос
И наредната година ќе има многу немири ширум светот, а погледнете каде се проценува дека ќе има најголеми воени жаришта.
Independet објави годишна проценка на општата безбедност во светот, која покажува дека следнава година ќе биде турбулентна.
Сирија
Зголемениот интензитет на граѓанската војна во Сирија се должи на мешањето на други држави во конфликтот. Појавата и на Исламската држава во овој регион е дополнителен проблем, по што изгледа дека војната нема да заврши за брзо време.
Либија
И во оваа земја има долготрајни политички немири и зголемено насилство заради мешањето на арапските земји.
Израел и палестинската територија
Проценките покажуваат дека и идната година на ова место ќе има конфликти, поради зголемената напнатост, нападите над цивилите и вооружаните пресметки.
Турција
Зголеменото политичко насилство меѓу режимот на власт и бунтовничката група на Курди се причина зошто во оваа земја би можело да има конфликт. Освен тоа додатна тензија се и последиците од војната во Сирија.
Авганистан
Причина за конфликт се насилството и нестабилноста во земјата поради зајакнувањето на екстремистичкото талибанско движење.
Ирак
Oсвен внатрешните секташки судири, во Ирак зголемена е можноста за воени жаришта, поради честите напади на терористичката организација ИСИС.




