СВЕТОТ ТРЕБА ДА ЗНАЕ: Десетици семејства пронајдени задушени во своите домови во Источна Гута
Најмалку 40 лица загинаа во напад што се случи во Источна Гута, соопштија сириските опозициски активисти. Нападот во градот Дума се случил синоќа, како дел од офанзивата на сириската војска по прекинот на примирјето.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека вчера во Дума загинале најмалку 80 луѓе, меѓу кои 40-тина починале од задушување. Опозициските активисти познати како „Бели шлемови“ исто така известија за нападот и наведоа дека цели семејства се пронајдени задушени во своите домови и засолништа. Хуманитарната организација Сиријско – американско медициско друштво соопшти дека животот го изгубиле 41 лице, а дека стотина се повредени.
Слично
