СВЕТОТ СЕ ЗАТВОРА ПОВТОРНО: Рестриктивни мерки најмногу за невакцинираните
Бугарија забрани
влез на сите британски туристи во земјата поради загриженост за ширење нови инфекции
со коронавирус во Велика Британија.
Забраната стапува на сила во понеделник, истиот ден кога Бугарија влегува на британската зелена епидемиолошка листа, што значи дека секој британски граѓанин што ќе се врати од одмор во Бугарија нема да мора да биде во карантин при враќањето.
Бугарија ја стави Велика Британија на црвената листа, заедно со Кипар, Шпанија, Фиџи и Кувајт, пренесува tportal.
Одлуката е донесена откако во Велика Британија во изминатите 24 часа беа регистрирани 50.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е највисока дневна бројка од јануари годинава. Гардијан пишува дека Бугарија е веројатно само прва во низата земји што забранила посета на британски туристи.
Од регионот и Словенија со строги мерки за влез во земјата. На патниците кои ќе влегуваат во Словенија од 15 јули до 23 јули, без оглед од каде доаѓаат, ќе им треба негативен тест за коронавирус, потврда за вакцинација или прележан Ковид-19 во последните шест месеци. Поради бројните протести, словенечката Влада донесе одлука за исклучоци – патници во транзит и возачи во меѓународен товарен транспорт.
Во Грција, пак, вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници и вработените во центрите за грижа на лица, а веќе стапија во сила мерките кои се однесуваат на невакцинираните граѓани. Ним не им е дозволен влез во угостителските објекти, локалите, баровите, дискотеките, без разлика дали се на отворено или затворено. Според последната одлука на грчките власти, ќе се примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои ја прележале болеста.
Во Хрватска има предлог да се стави крај на масовните собири за оваа сезона и да се забрза вакцинацијата, додека во Холандија пак, најрано до 14 август повторно на сила се ограничувањата во ноќните клубови, рестораните и музичките фестивали.
