Светот се соочува со „цунами“ од нови случаи поради делта и омикрон
Омикрон и делта-сојот направија цунами од нови случаи, велат од Светската здравствена организација(СЗО).
СЗО е посветена да обезбеди секоја земја да достигне стапка на вакцинација од 70 проценти до средината на 2022 година.
„Многу сум загрижен што омикрон, кој лесно се пренесува и се шири истовремено со делта-сојот, доведува до цунами од случаи“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус.
Во изминатите седум дена урнати се нови рекорди во светот со инфекции со коронавирус, достигнувајќи над 935.000 заразени случаи дневно.
Франција, Италија, Грција, Португалија и Англија пријавија рекорден број заразени.
Слично
