Светот пред нова закана – трета криза во 10 години
Со трета голема дефлаторна криза во помалку од деценија се соочува светот. По кризата со недвижностите и финансиската криза во САД во 2008 година, потоа кризата во еврозоната во 2011-12, светот сега е соочен со криза на пазарите во развој, пишува Financial Times.
Во следните неколку месеци, светот може да стигне до дното, но како што пишува весникот, досегашното искуство нè учи дека се потребни години за работите да се вратат по старо.
Периодот од 2002-2007 ќе се архивира како златното време, а ќе се чувствува влијанието на кризата во пазарите во развој, врз развиениот свет.
Во 1997 година се создаде ценовен шок, кој го зголеми реалниот доход и потрошувачката во развиениот свет.
Денес, земјите во развој имаат поголем удел на глобалниот БДП и глобалните компании, отколку во минатото.
Што го чека светот во иднина?
Учинокот на развиените земји нема да биде позитивен. Иако ефектот од кризата, допрва треба да дојде во САД, некои работи се веќе видливи. Сега ги чувствуваме пониските цени на бензинот и паѓањето на цените на стоката од Азија.
Цврстата монетарна политика на САД и силниот долар ќе ја интензивира дефлација која доаѓа. Кризата ќе стане видлива во податоците за трговијата меѓу развиените и земјите во развој.
Financial Times неодамна истакна дека девалвација на валутите не успеа да го зголеми извозот, но го ограничи увозот, со што се намали светската трговија.
Третиот бран на дефлација ќе значи дека светскиот БДП ќе продолжи да биде под своето потенцијално ниво. Дополнителен пад на БДП во одредени земји, е пред нас.
Економскиот амбиент на низок номинален раст и ниски каматни стапки, ќе го обликуваат светот во развој, како што некогаш го обликуваа развиениот свет.
Обработка: К.К.
Извор: Financial Times
