Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТОТ ПАК ВОВЕДУВА СТРОГИ МЕРКИ: Засилена контрола на границите, ограничување на работата на ресторани, теретани, региони во карантин

СВЕТОТ ПАК ВОВЕДУВА СТРОГИ МЕРКИ: Засилена контрола на границите, ограничување на работата на ресторани, теретани, региони во карантин

Податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс покажуваат дека во светот од корона вирусот се заразени повеќе од 13 милиони луѓе, а речиси 580 илјади се починати.

Повторното ширење на заразата со корона вирусот ги приморува властите во земјите да ги засилуваат рестриктивни мерки и да воведуваат контрола на границите. 

Уште во текот на вчерашниот ден, сите оние кои влегоа во Грција од Бугарија мораа да покажат негативен тест за Ковид-19 и тоа не постар од  72 часа.

Во Шпанија, властите во Каталонија се обидуваат да сузбијат ново жариште, а здравствените работници предупредуваат дека е потребно подобро и поголемо следење на контактите со заразените. Од вторникот на полноќ, 160 илјади жители на градот Љеида и околните подрачја можат да ги напуштат своите домови само со адекватно оправдување. Таа област е блокирана, а пред сите општини има полициски контролни пунктови. Баровите и рестораните работат само со испорака на храна.

Мерките и протоколите за безбедност пак се воведуваат и во Хонгконг, каде јавните собири се ограничени на четворица луѓе, на рестораните по 18 часот им е дозволена само достава на храна, а на една недела затоврени се и теретаните, баровите и другите бизниси. Во јавниот превоз за првпат е задолжително носењето на маски, а казна ќе има за оние кои нема да носат.

Ширењето на Ковид во Јапонија достигнал алармантно ниво , оценува градоначалнилката на Токио, Јурико Коике, која инситира граѓаните и компаниите да ги почитуваат превентивните мерки.


Слично

Поврзани вести