Светот може да здивне, Путин ретерира за она што сите ги загрижи
Претседателот на Русија, Владимир Путин излезе со изјава дека не размислувале за употреба на нуклеарно оружје.
Ова е прашање кое го загрижи светот, и од што многу земји стравуваа.
Путин во својот говор рече дека Русија не зборувала за можноста за употреба на нуклеарно оружје, објави Н1. Тој вели дека таа теза е употребена за да се прикаже дека Русија е страшна земја, за да нивните пријатели се дистанцираат од нив.
Како што вели провокациите со нуклеарно оружје, се користат токму за да се постигнат овие цели – да се влијае на сојузниците, неутралните држави, за да им се каже: Русија не треба да ја подржувате, не треба да соработуваш со неа, не мора ништо да купуваш од неа и не мора ништо да и продаваш.
Русија поседува 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави и 2.000 нераспоредени.
Инаку, Русија ја обвини Украина дека подготвува „валкана бомба“ со радиоактивен материјал, но Украина ги отфрли овие тврдења.
foto EPA/MEKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREML
