Светот ќе остане без банани?!
Светот за неколку години ќе се соочи со недостаток од банани, предупредуваат организациите за заштита на природата врз основа на пријавата од Костарика и други производители.
Владата на Костарика дури и поради лошиот род на бананите, прогласи состојба на зголемена приправност во земјата. Оваа држава во голема мера е зависна од зивозот на банани. Нејзиниот извоз кој достигнува годишна вредност од 500 милиони долари, сочинува 20 отсто од вкупниот извоз на земјата.
Локалните плантажи со банани ги окупирале агресивни штетници од групата инсекти под називот пајачинари, објави централно-американскиот сајт ticotimes.net.
Организацијата за заштита на природата укажува дека тоа не е само локален проблем на Костарика. Експертите се согласуваат дека тоа е огромен проблем кој би можел да се прошири и на Латинска Америка, објави independent.co.uk.
Тоа секако би се прелило и на увозот на банани во европските земји и САД. Латинска Америка и карипската област покриваат повеќе од 80 отсто од вкупниот светски извоз на банани.
Слично
