Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот ја испрати старата и ја дочека Новата 2015 година

Светот ја испрати старата и ја дочека Новата 2015 година
Луѓето од цел свет ноќеска ја испратија старата 2014 и ја дочекаа и прославија Новата 2015 година. Со организирани веселби на светските плоштади, во туристичките центри, во забавни клубови, во домашна атмосфера, со весела музика и позитивна атмосфера сите се радуваа на доаѓањето на Новата година со многу желби и очекувања но и со надеж дека 2015 ќе биде многу подобра во однос на изминатата година. Новата година први ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а најдоцна на планетава жителите на западниот брег на САД и Алјаска. Највеселата ноќ по примерот на светските центри традиционално беше пречекана и на плоштадот „Пела“ во Скопје, како и во другите градови во земјава. Точно на полноќ, небото над Скопје беше осветлено со спектакуларен огномет. Сепак не сите синоќа го славеа доаѓането на Новата 2015 година. Поголем дел од светската популација времето го бележи според нивната етничка или религиозна историја и според своите календари односно таков е случајот со Евреите кои во 2014 година ја слават 5776, Кинезите 4713, Индусите 2072, а Муслиманите 1437 Нова година.
Слично

Поврзани вести