Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот инвестира се помалку во чиста енергија

Светот инвестира се помалку во чиста енергија

Светските инвестиции во чиста енергија паднаа до најниското ниво во последните три години, бидејќи побарувачката на нови обновливи извори на енергија е намалена во Кина, Јапонија и Европа.

Во третиот квартал на годината трошоците за чиста енергија изнесуваат 42,4 милијарди долари, што е за 43% помалку во споредба со истиот период минатата година. Показателот го достигна најниско ниво од првиот квартал на 2013 година, кога инвестициите беа во износ од 41,8 милијарди долари, според извештајот на Bloomberg New Energy Finance.

Финансирањето на големи соларни и ветерни централи е намалено, бидејќи владите ги намалија стимулите за чиста енергија и ги намалуваат трошоците, изјави основачот на Bloomberg New Energy Finance Мајкл Либерих. 

Вкупниот обем на инвестициите за оваа година ќе биде "значително понизок" од нивото на минатата година  (348,5 милијарди долари), според извештајот.

Показателите за овој квартал се "загрижувачки ниски, дури и во споредба со придушениот тренд кој се набљудуваше порано. Инвестициите се намалени во клучните пазари како Кина и Јапонија, додаде тој.

Слично

Поврзани вести