Светот има нова „ветена земја“ – знаете која?
САД останаа без титулата на земја со најдобра глобална репутација. Првата позиција ја презеде Германија, на анкетата која ја пред 10 години почнал британскиот политички советник Сајмон Анхолт.
И овојпат САД од Германија добиле подобри оценки за креативност, современа уметност и образовни институции, но многу полошо котирала затоа што анкетираните сметаат дека не придонесува за голбелните мир и безбедност.
„Имиџот на Германија значително се подобри по успехот на Светското првенство во фудбал. Врз нејзиниот пласман на листата влијаеше и јакнењето на улогата на економски и политички лидер во Европската Унија“, покажало истражувањето.
Најголем губитник се смета дека е Русија, чиј имиџ драстично се влошил поради лошите оценки за руските власти и нивните потези на глобален план.
Во традиционалната анкета „Брендирање на нациите“ учествувале 20.000 луѓе од 20 земји во светот, кои го откриле своето мислење за другите земји. Авторите на анкетата сметаат дека перцепцијата за една земја може да влијае на туризмот, трговијата, но и на дипломатските односи со други земји.
Слично
