Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот еден час во мрак за спас на планетата Земја

Светот еден час во мрак за спас на планетата Земја

Синоќа многу објекти на еден час беа исклучени од електричната мрежа со цел да се испрати порака за спас на плнатета преку заштеда на енергија и размислување за алтернативи на фосилните горива кои ја уништуваат атмосферата. Затоа низ речиси сите земји од светот се одбележа акцијата „Час на планетата Земја“, а многу компании, организации и институции од Македонија исто така земаа учество. 

Во Сиднеј во период од еден час беа изгаснати светилките на Сиднејската опера, во Њу Делхи во мрак беа повеќе згради, а во Куала Лумпур кулите „Петронас“.

Во рамки на акцијата, меѓу другите, замрачени беа и црквата „Свети Василиј“ во Москва, Бранденбуршката порта во Берлин, Ајфеловата кула и уште 300 згради во Париз, како и Тауер Бриџ, Биг Бен, плоштадот Пикадили  и повеќе институции во Лондон.

Акцијата се спроведува со симболично гаснење на светилките во периодот од 20.30 до 21.30 часот по локално време, со цел да се укаже на неопходноста од зачувување на Земјата и да се апелира на меѓународно единство во борбата против климатските промени.

„Часот на планетата Земја“ првпат беше организиран во Сиднеј во 2007 година, а годинава кон акцијата се приклучија над 180 држави и десетици милиони луѓе.

Оваа година акцијата се организраше под ,мотото „Поврзи се со планетата“, со цел да се привлече вниманието на јавноста на намалување на биодиверзитетот, односно на разновидноста на животинскиот свет.

По повод акцијата генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека „Часот на палнетата Земја“ се одржува во моемнт кога човештвото е под притисок на промените на климата.

– Климатските промени се движат многу побрзо од нас, а последиците од нив веќе се тука, се нагласува во пораката на Гутереш.


Слично

Поврзани вести