СВЕТОТ Е ВО НОВА ПАНИКА ПОРАДИ ОВИЕ ФОТОГРАФИИ: Сателити ја снимиле тајната рута по која се движи руската армија кон Украина
Иако неодамна изјави дека не сака војна и дека дел од
војниците ја напуштаат украинската граница, новите фотографии од терен
покажуваат дека Владимир Путин не се откажал од воениот конфликт со Украина.
Владимир Путин неодамна изјави дека руските трупи „делумно“ се повлекуваат, но сателитите откриваат нова слика, дека руската армија дополнително носи засилување.
Фотографиите направени од комерцијалната компанија Планет покажуваат дека руските војници изградиле мост преку реката Припјат во вторникот во близина на границата меѓу Русија и Белорусија. Се наоѓа во близина на зоната на исклучување околу оштетениот нуклеарен реактор во Чернобил во Украина. Американските разузнавачи постојано предупредуваа дека руските сили ќе бидат во оптимална позиција да ја започнат инвазијата на Украина уште во среда, доколку им биде наредено да го сторат тоа.
Во случај на руска инвазија, аналитичарите стравуваат дека мостот би можел да биде една од многуте потенцијални правци за руските сили кои моментално се распоредени во Белорусија на воени вежби за да се пробијат понатаму на украинска територија, пишува The Daily Beast.
Мостот не е единствената потенцијална руска закана фатена од сателитите оваа недела. Додека некои фотографии покажаа барем мало намалување на руската воена опрема на окупираниот Крим, сликите направени на друго место на територијата покажуваат дека Москва дејствува на други „фронтови“. Сателитската компанија „Капела Спејс“ во вторникот направи радарски снимки од руската воздухопловна база Октјабрскоје на Крим. Сликите најверојатно покажуваат преместување на руската опрема, вклучувајќи нова флота, проширен камп за локалниот персонал и 19 нови хеликоптери.
Recent Planet imagery of the Pripyat river in Belarus near the RU-UA border shows a new bridge having been constructed earlier today. https://t.co/JFRxhEUW0j pic.twitter.com/cMTpMGrkHP
— Amelia Smith (@ameliairheart) February 16, 2022
