„СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА НУКЛЕАРЕН АРМАГЕДОН“: Киев бара да се затвори небото над Украина
Украина се обрати до светот со нов апел. По нападот на АЕЦ Запорожје, Кабинетот на Претседателот и претседателот на Врховната Рада повикаа на затворање на небото над Украина.
Претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук изјави дека Русија ги стави Европа и светот на работ на нуклеарен армагедон.
„Ова злосторство ја покажува потребата од воведување на зона забранета за летање што е можно поскоро. Ова е неопходно за да се заштити не само Украина, туку и светот како целина, зијави Стефанчук.
Советникот на претседателот на Кабинетот на Претседателот Михаил Подољак изјави дека логиката на оваа војна е да се зголемат ракетните и воздушните напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилното население.
„Само затвореното небо нагло ќе ја запре ескалацијата. Дојде време западните партнери да преземат одговорност за завршување на војната, вели Подољак.
фото: EPA, ROMAN PILIPEY
