Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТОТ ДОБИВА НОВА ДРЖАВА: Таа ќе биде наследничка на Украина

СВЕТОТ ДОБИВА НОВА ДРЖАВА: Таа ќе биде наследничка на Украина

Лидерот на самопрогласената ДПР, Александар Захарченко предложи тригодишен транзиционен период до основање на новата држава Малорусија како решение на тригодишниот судир на истокот на Украина. 

Сепаратистите во Доњецк, на истокот на земјата на прогласија Малорусија за која велат дека ќе биде наследничка на Украина. 

Захарченко вели дека се подготвува Устав кој ќе биде ставен на гласање. 

Тој бара меѓународната заедница да го поддржи неговиот предлог, а основачите на оваа република велат дека Украина е пропадната држава. 

Доњецк ќе биде главен град. Захарченко вели дека ќе имаат трилатерални разговори со Русија и ЕУ. 

Немирите избувнаа во април 2014 година, а во нив страдаа 10.000 луѓе. 

Во февруари 2015 година е потпишано примирје и има прекин на огнот, но тоа примирје често се крши. 

Слично

Поврзани вести