СВЕТОТ БАРА ЗАБАВА: Историски раст на Нетфликс и видеоигрите
Пандемијата на
коронавирусот му помогна на бизнисот на Нетфликс, кој во првиот квартал од
годинава бележи нови 15,8 милиони претплатници, што е најголем квартален раст
во историјата на компанијата. Исто така, Нетфликс, во првите три месеци од 2020
година има приход од 5,77 милијарди долари, што е за 1,25 милијарди повеќе во
однос на истот период од лани. Вкупниот број на претплатници во светот е 182
милиона. Најгледани во првиот квартал од годинава се: документарната серија „Tiger
King: Murder, Mayhem and Madness“, реалното шоу- „Love Is Blind" и филмот
„Spenser Confidential". Во САД е зголемена и продажбата на видео
игри, бидејќи Американците се принудени, како и остатокот во светот, да седат
дома. Продажбата на видео игри и конзоли се зголеми на 35 отсто и достигна вредност
од 1,6 милијарди долари. Ваков раст не е забележан од 2008 година.
