Светот 13 пати бил на раб на нуклеарна војна – последен пат пред 12 години
Од првата употреба на нуклеарното оружје, на крајот на Втората светска војна, па досега, светот 13 пати се нашол во ризик од нуклеарна војна и тоа најчесто како резултат на грешка или погрешна проценка, открива извештајот на Четам Хаус, британскиот Кралски институт за меѓународни прашања.
Институтот се повикува на податоци од документи на кои неодамна им била симната ознаката за доверливост. Неколкупати светот од нуклеарен конфликт го спасиле индивидуални одлуки, па дури и непослушност во следењето на политичките насоки или протоколот.
Деталната листа на случаи можете да ја погледнете ТУКА.
Последниот ваков ризик бил во периодот од декември 2001 - ноември 2002 година и тоа како резултат на обновена напнатост меѓу Индија и Пакистан заради ситуацијата во регионот на Кашмир. Кризата достигнала врв во мај 2002 година, кога добила можност да прерасне и во нуклеарна војна, но тоа било избегнато благодарение на посредништво од американската дипломатија.
Интересен е и случајот од јануари 1995 година, кој е познат како закана „Блек Брент“. Тогаш била лансирана истражувачка ракета од Норвешка, како дел од соработка меѓу Норвешка и САД. Лансирањето предизвикало толкава паника во Русија што на тогашниот претседател Борис Јелцин му била донесена актовката за одобрување на лансирање на нуклеарното оружје. Според некои, заради тој недостиг на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, светот никогаш не бил поблиску до нуклеарна војна.
Слично
