Светна најголемата божиќна елка на светот
Елката, која секоја година се пали во текот на ноќта на 7 декември врз падината на „Monte Ingino“ , е навистина посебна .
Таа е најголемата божиќна елка во светот. Станала симбол на селцето , а дрвото се крева од последните камени куќи нпа се губи кон Витлеемската ѕвезда која сјае на врвот се до 10 јануари секоја година.
Ова за многумина е една од најубавите новогодишни елки, која всушност е формирана од светла и може да се види дури и од ридовите на Перуџа , кои се наоѓаат на 50 километри.
За да ја формираат огромната елка, се користат 450 шарени светилки и 12 километри кабел. Тоа е широка 400 метри и висока 800 метри. Ова беше причината во 1991 година да биде прогласена за најголемата божиќна елка од Книгата на Гинис.
Слично
