Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТ: Поранешната прва дама на САД, Барбара Буш е тешко болна и не сака да се лекува

СВЕТ: Поранешната прва дама на САД, Барбара Буш е тешко болна и не сака да се лекува

Барбара Буш, поранешната прва дама на САД, е тешко болна и веќе не сака да се лекува, соопшти официјално нејзиното семејство во неделата.

За Г-ѓа Буш, се грижат во нејзиниот дом во Хјустон, Тексас.

92-годишната Буш , кој страда од хронична опструктивна белодробна болест, неколкупати завршила во болница последната година.

„По неодамнешната серија хоспитализации, и по консултација со нејзиното семејство и  со лекари, г-ѓа Буш, која е на возраст од 92 години, одлучи да не бара медицински третман и наместо тоа ќе се фокусира на удобност".

 „Таа е опкружена со семејството што ја обожува  и ги цени многубројните пораки и особено молитвите што ги прима".

Таа и нејзиниот сопруг беа дел од Белата куќа од 1989 до 1993 година.

Г-ѓа Буш е позната по нејзиниот топол, опуштен однос и нејзината духовитост.

„Јас сум фер и јас ги сакам децата и го обожувам мојот сопруг", изјави таа.

Во 1989 година г-ѓа Буш ја основа Фондацијата за семејна писменост за да го охрабри читањето. Таа исто така беше автор на детски дела.

извор и фото: The telegraph


Слично

Поврзани вести