СВЕТ: На двајца дебели, еден гладува
На светот денеска има околу 7,23 милијарди луѓе, од кои дури 900 милиони се гладни или неухранети, додека преку две милијарди се борат со прекумерна тежина. За да се нахранат оние што гладуваат, дневно се потребни 18 милиони долари, додека само Американците дневно трошат пет пати повеќе - за да ослабат, покажуваат податоците на Светската здравствена организација и Светската организација за храна и земјоделство.
Годишно од глад умираат околу четири милиони луѓе, додека половина милијарда спаѓаат во групата на екстремно дебели. Според светските организации кои се занимаваат со оваа проблематика, податоците покажуваат дека гладот е последица на глобалната нерамнотежа.
Додека за да се нахранат сите гладни се потребни 18 милиони долари на ден, Американците кои се познати како „дебела нација“ дневно на програми и средства за слабеење трошат дури 95 милиони долари, додека дневната потрошувачка за лекување на болести поврзани со прекумерната тежина само во САД надминува 240 милиони долари.
За храна за домашни миленичиња во Европа и САД дневно се издвојуваат 24 милиони долари, а 80% од родот на пченка, житарици и соја во Европа и САД оди како храна за животни.
Слично
