Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свештеник бил во долгови и нарачал убиство на сопругата за да зема пари од осигурувањето

Свештеник бил во долгови и нарачал убиство на сопругата за да зема пари од осигурувањето

Пред 34 години свештеник нарачал убиство на сопругата, а денеска властите во Алабама ќе го погубат убиецот. 

Кенет Јуџин Смит на возраст од 57 години, треба да прими смртоносна инјекција вечерва во затворот во јужна Алабама. Свештеникот Чарлс Сенет го најмил него и уште еден човек за да ја убијат неговата сопруга. Сенет бил во долгови и планирал да го добие нејзиното осигурување за смртен случај. Елизабет Сенет била пронајдена мртва на 18 март 1988 година во нејзиниот дом. Таа имала осум убодни рани во градите и по една на секоја страна од вратот. Нејзиниот сопруг се самоубил една недела по нејзината смрт, кога истрагата за убиството почнала да се фокусира на него како осомничен. Друг човек осуден за убиство, Џон Форест Паркер беше погубен во 2010 година.

Медиумите неодамна објавија вест за Турчин која ја турнал сопругата од карпа висока 300 метри за да добие пари од осигурувањето. 

Слично

Поврзани вести